Регион 20. октомври 2018. / 20:10

Китаровиќ до хрватите: Ќе чекате пензија до 67 години!

Китаровиќ до хрватите: Ќе чекате пензија до 67 години!

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, по повод протестите кои се одржаа денеска поради најавени реформи во законот за пензии, изјави денеска дека ваквата реформа е неопходна, но дека во моментов не е нешто само за себе, туку зависи од многу елементи, а една од нив е демографијата.

Во Загреб претходно денеска повеќе илјади луѓе протестираа против предлогот на Владата за пензиската реформа која предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање на 67 години, како и против воведување на казнените поени за предвременото заминување во пензија.