Регион 26. јануари 2020. / 15:32

Кинезите коишто градат автопат во Црна Гора ставени под здравствен надзор

Кинезите коишто градат автопат во Црна Гора ставени под здравствен надзор

Работници од Кина кои градат автопат во Црна Гора се под постојан здравствен надзор, а поради ширењето на корона вирусот се засилени мерките на претпазливост.

Изградбата на автопатот е во изведба на компанијата „Чајна Роуд и Бриџ Корпорејшн“ (CRBC), која моментно има околу 2.000 кинески работници во Црна Гора.

Директорот на црногорскиот Институт за јавно здравје, Бобан Мугоша, изјави дека веќе е одржана средба со претставници на амбулантата што се грижи за здравјето на кинеските работници во Црна Гора.

Тие добиле обврзувачка препорака сите патници кои пристигнуваат од Кина да се пријават до соодветната аеродромска служба доколку имаат треска или кој било друг здравствен симптом.