Осум членови на екишажот на грчкиот танкерот „Happy Lady“, закотвен на пристаништето во Камерун, се киднапирани, а еден е повреден при вооружен напад.
Како што соопштуваат од Министерството за поморство на Грција, во екипажот имало вкупно 28 членови, а од киднапираните осум, петмина се Грци, двајца се Филипинци и еден Украинец. За време на инцидентот бил повреден еден од грчките државјани.
За нападот, веднаш било известено Министерството за надворешни работи на Грција, а министерот за поморство Јанис Плакиотакис дал наредба на надлежните служби во министерството, во соработка со МНР и компанијата во чија сопственост е танкерот, внимателно да го следат случајот.