Претседателот на Косово, Хашим Тачи на денешната церемонија по повод смената на командата на воената мисија на КФОР, изјави дека заедничките упсеси на косовските безбедносни сили со НАТО го прават присуството на таа меѓународна мисија во земјата да биде се помалку потребна.
Тачи во своето обраќање на церемонијата во Приштина одаде признание на КФОР како „доверлива мисија за зачувување на мирот во Косово“ и нагласи дека благодарение на досегашната соработка со меѓународните сили беше формирана Војската на Косово.
Косовскиот претседател порача дека Косово останува посветено на постигнувањето траен мир во регионот и изрази надеж дека неговата земја наскоро ќе биде дел од Северноатлантската алијанса.
– Среќен сум кога гледам дека од нашата сорабтока се роди Војската на Косово, Бедзбедносните сили на Косово (ФСК) како професионална и мултиетничка сила во служба на сите граѓани на Косово. Развојот на Војската на Косово, на ФСК значи дека еден ден во блиска иднина ќе се реализираат нашите праведни стремежи не само НАТО да биде во Косово, туку Косово да биде во НАТО, за со својата работа да придонесе за мирот. Косово е денес мултиетничко општество, посветено на постигнување мир во корист на граѓаните со сите земји во регионот и целиот европски континент, изјави Тачи.
Италијанскиот генерал-мајор Микеле Риси ја презеде денеска командандата на КФОР од неговиот сонародник, генерал-мајорот Лоренцо Д‘Адарио, кој беше на чело на мисијата на НАТО во Косово од 28 ноември 2018 година.
Риси, кој е 24. заповедник на КФОР од неговото формирање во 1999 година, во своето обраќање им изрази признание и благодарност на земјите на НАТО и неговите сојузници за придонесот за безбедноста на целото косовско население, како и за зачувувањето на стабилноста во Косово, Балканот и цела Европа.
Од друга страна, Министерот за одбрана Александар Вулин на денешниот состанок со новиот амбасадор на САД во Белград, Ентони Годфри, помеѓу другото, укажа дека намалувањето на силите на КФОР во сегашни услови негативно влијае на безбедноста на неалбанското население на Косово.
– Одлуката за намалување на силите на КФОР треба да зависат од постојана проценка на развојот на ситуацијата на политички и воен план и безбедносните индикатори на состојбите, а не на основ на дефинирани датуми, рече Вулин.