Регион 28. август 2019. / 22:41

КФОР најави воени вежби на Косово

КФОР најави воени вежби на Косово

На официјалниот профил на Фејсбук, КФОР најави дека припадниците на оваа мировна мисија во следните денови ќе одржат вежби ширум Косово.

КФОР продолжува со вежбите како би бил подготвен и како би ја гарантирал безбедноста и сигурноста на сите луѓе на Косово, се наведува во објавата на НАТО мисијата на Косово и Метохија.

Дополнително се наведува дека во следните денови ќе има придвижување на некои трупи на КФОР на различни делови од Косово. Ова е само вообичаена вежба за распоредување и процедури, истакнува КФОР и додава дека ситуацијата и понатаму е под контрола без знаци за можни закани.