Регион 15. февруари 2019. / 14:33

Катругалос е нов министер за надворешни работи на Грција

Катругалос е нов министер за надворешни работи на Грција

Досегашниот алтернативен министер за надворешни работи на Грција, Јоргос Катругалос е именуван за нов министер за надворешни работи, пренесува „Катимерини“.

На негово место доаѓа Сиа Анагностопулу. По повлекувањето од министерската позиција од страна на поранешниот шеф на дипломатијата, Никос Коѕијас, министерството за надворешни работи на Грција го предводеше премиерот Алексис Ципрас.