Регион 26. септември 2019. / 10:20

Кардиолог ставал стентови и на здрави пациенти за да добие поголема плата

Кардиолог ставал стентови и на здрави пациенти за да добие поголема плата

Бугарскиот кардиолог кој доби плата од над 28.000 евра може да остане без лиценца. Ставал стентови и на здрави пациенти.

Одземањето на лиценцата за работа е најтешката казна која може да му ја изрече Бугарската лекарска комора, доколку Комисијата за етика ги потврди информациите кои во јавноста ги изнесе бугарската телевизија Нова.

Додека трае истрагата, кардиологот е времено суспендиран од страна на Обласната болница во Пазарџик. Скандалот излезе во јавноста, по информацијата дека д-р Петар Лазов за еден месец примил плата од 28.500 евра, односно 57.000 лева.

Ова иницирало вонредна контрола од страна на министерството за здравство и внатрешна проверка во болницата, по што е утврдено дека лекарот стентирал и здрави пациенти.