Регион 02. јули 2018. / 12:00

Камерите го снимија убиецот од Зрче – изврши убиство, и ја избричи главата (ВИДЕО)

Камерите го снимија убиецот од Зрче – изврши убиство, и ја избричи главата (ВИДЕО)

Двесет и пет годишниот Даглас Кејн, Британецот кој во средата на Зрче го уби 26-годишниот Британец Уго Вилсон, а тешко го рани 26-годишниот Мајлс Лоренс и лесно повреди еден сонародник, е уапсен во Сплит на аеродром додека се обидувал да избега од земјата. Не му помогнало ни што ја избричил главата за да го промени изгледот.

Непосредно после убиството него го снимиле надзорните камери додека панично негал од Паг. Бил полугол, носел шорцеви и имал долга коса, која после бегството ја избричил.

Некако стигнал до Сплит и се упатил кон аеродромот. При внес на неговото име, компјутерите веднаш вклучиле аларм, а полицијата веднаш реагирала.