Отворањето на последната фаза од Преспанскиот договор во Македонија ги вжешти политичките превирања во Грција. Главните актери во Атина знаат дека топката наскоро ќе се префрли на нивен терен, па започнаа и првите шпекулации за можен распад на владата меѓу СИРИЗА и Независни Грци.
Коалициските партнери, Алексис Ципрас и Панос Каменос се очекува в петок да одржат средба за иднината на нивната соработка, пренесува „Катимерини“.
Иако состанокот меѓу двајцата лидери требаше да се случи вчера, во обид да се опуштат тензиите, состанокот беше презакажан за петок.
Како што пишува „Катимерини“, Каменос и Ципрас претходно ќе имаат одделни состаноци во своите партии, по што ќе имаат и посебни телевизиски обраќања.
Низ медиумите во Грција се шпекулира дека за време на своето интервју Каменост ќе објави дека се повлекува од коалициската влада со Сириза.