Регион 19. март 2020. / 10:54

Како во војна! Војската ги изнесува телата на починатите од Бергамо

Како во војна! Војската ги изнесува телата на починатите од Бергамо

Ужасни фотографии се објавени во италијанските медиуми од Бергамо, кој е еден од најпогодените градови од пандемијата во Италија.

Во Бергамо се испратени десетици воени камиони за да ги превезат телата на починатите од корона вирусот во други места на државата. Крематориумите во северноиталијанскиот град не можат да се справат со катастрофата, иако работат деноноќно.

Само во изминатото деноноќие во Италија беа регистрирани 475 смртни случаи од кои најголемиот број се од северниот дел.

Крематориумите во Бергамо не можат да се справат со големиот број починати, што ја принудило војската да интервенира и да ги транспортира ковчезите до Модена и Парма.