Регион 22. октомври 2019. / 22:40

Кај Драч уловена „тигар“ ајкула од 500 килограми

Кај Драч уловена „тигар“ ајкула од 500 килограми

Албанските рибари од пристанишниот град Драч, во своите мрежи уловиле ајкула од видот „тигар“ тешка околу 500 килограми.

„Чудовиштето“, како што го нарекоа медумите, го уловија рибари од екипажот на рибарскиот брод „Медуза“ што лови во водите на Јадранско Море. Рибарите соопштија дека ајкулата била уловена на длабочина од 170 метри.

Случаите на фаќање ајкули во Јадранско и Јонско Море, од страна на албанските рибари, зачестија последниве години. Уловени се дваесеттина ајкули, сите на оддалеченост од неколку милји од морскиот брег. Тежината на претходно уловените ајкули беше од 100 до 400 килограми.

Меѓу уловените ајкули пет-шест се од опасниот вид „дем“ која се смета за втора најсмртоносна ајкула по белата ајкула. Тие се уловени во водите на Јонско Море, кај Валона.

За првпат на крајот од минатиот месец туристите на плажата кај Дерми, биле изненадени кога ајкула им дошла преблиску. Тие биле во морето кога им се доближила ајкулата.

Дерми е една од најубавте плажи на албанското крајбрежје, која се наоѓа на 42 километри јужно од градот Валона. Откако бил даден алармот од чуварите на плажата, сите излегле од водата.