Регион 18. јули 2018. / 15:14

Кадри Вејсели: Србија ќе го признае Косово

Кадри Вејсели: Србија ќе го признае Косово

По завршувањето на преговорите во Брисел, претседателот на парламентот во Приштина, Кадри Весели, изјави дека очекува Србија да го признае постоењето на Косово и да почне процесот на помирување, пренесе „Ал џезира“.

„Ние признаваме дека Србија е независна држава и сакаме да живееме во мир и просперитет на Балканот како две независни држави. Дијалогот за Косово е многу важен и цврсто сме решени да одиме напред. И двете страни сакаме да бидеме дел од ЕУ, тоа е нашата цел. Очекуваме Србија да биде поотворена и да работиме заедно бидејќи треба да размислуваме на идните генерации“, рече Весели.

 

 

По средбите во Брисел, српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави дека Албанците се обидуваат да добијат сѐ, додека Србија бара компромис. Од друга страна, неговиот косовски колега, Хашим Тачи, истакна дека не постои компромис за прашањето за независноста на Косово. Тачи оцени дека денешниот состанок со Вучиќ бил најтежок во последните шест години колку што се води дијалогот Косово-Србија.