Регион 06. ноември 2020. / 20:58

Кадри Весели ќе се појави пред судија на 10 ноември

Кадри Весели ќе се појави пред судија на 10 ноември

Поранешниот офицер на Ослободителната војска на Косово, Кадри Весели, обвинет за злосторства против човештвото во Косово и Албанија во периодот 1998-1999 година, ќе биде изведен пред судија на Судот за злосторства на ОВК во Хаг во вторник, на 10 ноември, соопшти судот.

Според судот, Весели (51) бил уапсен вчера на Косово, а потоа бил пренесен во судски притвор во Шевенинген во близина на Хаг.

За време на првото појавување пред судот, закажано за 15 часот, судијата на претходна постапка ќе му го прочита обвинението на Весели и ќе го праша дали сака да се изјасни за виновен, за што обвинетиот, според правилата на судот, има рок од 30 дена од првото појавување.

По десет точки, Весели е обвинет за убиство, присилно исчезнување, прогон и тортура. Овие злосторства се квалификуваат како злосторства против човештвото и воени злосторства.

-На повеќе локации низ Косово, како и во Кукс и Кахан во северна Албанија, припадниците на ОВК извршија злосторства според обвинението против стотици цивили и лица кои не учествувале во непријателства, се вели во обвинението.

Судот наведува дека „жртвите биле лица осомничени дека не ја поддржувале ОВК, а подоцна и привремената влада на Косово“.

Тоа беа: „Србите, Ромите и Ашкалиите, католиците, цивилите за кои се веруваше дека соработуваат со српските власти; или комуницираат со Србите, Албанците кои ја поддржуваа или биле поврзани со Демократската лига на Косово, како и други партии за за кои се сметаше дека се против ОВК.

Според обвинението, жртвите биле и „Албанци кои не се приклучиле на ОВК или не ја поддржувале ОВК и лица кои се сметале за противници на ОВК врз основа на нивното сегашно или поранешно вработување“. Весели, како учесник во заедничко злосторничко претпријатие, е обвинет за злосторства против најмалку 407 затвореници во 34 притворни центри на ОВК и најмалку 98 убиства.

Заедно со Весели, обвинети се Хашим Тачи, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, поранешни офицери на Генералштабот на ОВК, кои исто така се наоѓаат во притвор во Шевенинген.