Припадниците на малцинските заедници сочинуваат над 10 проценти од Безбедносните сили на Косово, а доаѓаат од српската, бошњачката, турската, ромската и останатите заедници.
Како што дознава порталот Афера, тие по три месеци не излегувале од касарните, а нивната почетна плата изнесува 500 евра, а со напредувањето во службата, значитело се зголемува.
Така, може да се постави прашањето дали овие Срби ќе бидат елитни војници во косовксата војска, односно некој вид на модерни јаничари, пишува порталот.
Припадниците на Безбедносните сили на Косово кои доаѓаат од српската заедница, 57 од вкупно 61 дипломирале и пред некој ден положиле заклетва на српски јазик.
Врховниот командант на безбедносните сили на Косово, претседателот Хашим Тачи, рекол дека во согласност со препораките за безбедносниот сектор и во соработка со релевантни институции, работи на трансформација на безбедносните сили во Оружане, што подразбира значајни измени во мандатот, мисијата, големината и структурата на Безбедносните сили.
-Никој во Косово, во регионот, а и пошироко не треба да се грижи во врска со овој природен и неопходен процес. Јас сум сигуран дека сакате по трансформацијата, вие-припадниците на сите заедници, да продолжите достоинствено да и служите на интересите за заштита на сувереноста на Косово, заштита на имотите и вашето наследство. Вие и денес допринесувате за изградба и зачувување на регоналната и глабалната стабилност, рекол Тачи.
Според него, еден и најдобар начин за заштита и унапредување на интересите на сите заедници кои живеат на Косово, во овој случај и српската заедница, е само преку нивно активно учество во косовските државни институции.