Унгарија и Кина потпишаа договор за заем за финансирање на изградба на брза пруга меѓу Будимпешта и Белград, објави денеска унгарскиот министер за финансии Михалј Варга.
Варга во видео-пораката објавена на својот пост на Фејсбук рече дека каматата за кинескиот заем е фиксна и дека постои опција за предвремена отплата без да навлегува во детали за другите услови на заемот, пренесува Ројтерс.