Доцна синоќа, околу 3 часот по полноќ, во Сплит гореа три автомобили. Најпрвин, според информациите од тамошните служби, од засега непознати причини се запалило едно возило по што пожарот бргу се префрлил и на други две соседни возила.
Од полицијата велат дека истрагата и натаму е во тек и дека засега не се знаат причините за пожарот.
Според тамошните медиуми, ова не е прв ваков случај.