Бројни шпекулации се појавија за причините за пожарот на најголемата свињарска фарма во Хрватско , во кој изгореа околу 10 000 свињи.
Пожарникарите не можеле многу да направат , бидејќи огнот многу бргу се проширил, помогнат од силниот ветар. Изгореле три хали ,а огнот е изгаснат пред да ја зафати четвртата во која имало околу 300 животни , кои преживеале.
Пожарот избувнал синоќа околу 18 часот , а бил изгаснат по полноќ . Во пожарот нема човечки жртви. Увидот почна дури денеска доцна попладне , бидејќи се уште тлеел чад на одредени места .
Свињарската фарма ПИК Винковци е во состав на земјоделскиот гигант Агрокор, сопственост на Ивица Тодориќ , еден од најбогатите луѓе на Балканот , кој беше уапсен во Лондон , а се проценува дека должи најмалку 10 милиони евра за даноци. Од компанијата не коментираат кои би биле причините з апожарот додека не заврши истрагата , додека хрватската јавност веќе излезе со бројни шпекулации.