Косовскиот парламент ја изгласа новата влада која ќе ја предводи лидерот на Самоопределување Албин Курти. Владата е изгласана со 66 гласови „за“, додека 10 беа воздржани.
Курти ги предложи членоивте на Српската листа, Далибор Јевтиќ за министер за заедниците и враќање и Иван Милојевиќ за министер за регионален развој.
На седницата на Собранието на Косово, Курти од редовите на бошњачката заедница ја предложи Емилија Реџепи за министерка за локална самоуправа.
На седницата потврдени се претходните најави дека и Движењето за самоопределување и Демократскиот сојуз на Косово ќе имаат по шест министри и по еден заменик на премиерот. Заменици на премиерот ќе бидат Авдулах од ДСК и Хаки Абази од Самоопределување.