Регион 22. декември 2019. / 21:18

Изборна ноќ во Хрватска: Милановиќ има 30,35%, Китаровиќ води во странство

Изборна ноќ во Хрватска: Милановиќ има 30,35%, Китаровиќ води во странство

Според првичните неофицијални резултати на Хрватската Државна изборна комисија, на претседателските избори, од пребројани 66,57 отсто од гласовите, во водство е Зоран Милановиќ за кого гласале 30,35 отсто од избирачите.

Втора според бројот на гласови и кандидатката на ХДЗ и актуелна претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ има освоени 27,32 отсто, а независниот кандидат Мирослав Шкоро со 23.52 отсто.

Пребројувањето на гласовите продолжува.