Регион 23. октомври 2019. / 21:56

Избори Косово: Пацоли и Лимај бараат да не се пребројуваат гласовите од Србија

Избори Косово: Пацоли и Лимај бараат да не се пребројуваат гласовите од Србија

Лидерите на Социјалдемократската иницијатива и Алијанса за ново Косово, Фатмир Лимај и Беџет Пацоли изјавија дека коалицијата на тие партии и Партијата за правда го надминале цензусот на изборите од 6 октомври и побараа од Централната изборна комисија да се откаже од пребројувањето на гласовите пристигнати по пошта од Србија, тврдејќи дека се нерегуларни.

Лимај побара од изборната комисија „итно да го запре“ пребројувањата на пристигнатите по пошажта гласови од Србија тврдејќи дека тие се „нерегуларни“ и дека имаат за цел „затајување на изборната волја на повеќе од 40 илјади граѓани“ кои гласале за коалицијата на Социјалдемократската иницијатива, Алијансата за ново Косово и Партијата правда.

Лидерот на Алијансата за ново Косово и вршителот на должност министер за надворешни работи на Косово, Беџет Пацоли исто така изјави дека нивната коалиција го надминала цензусот и оценува едка акцијата за обработка и пребројувањето на „нерегуларните гласови од Србија е обид за затајување на болјата на граѓаните“.

Централната изборна комисија претходно ги соопшти прелиминарните резултати од вонредните избори на Косово, според кои коалицијата Социјалдемократска иницијатива, Алијансата Ново Косово и Партијата правда не го надминале изборниот праг од пет отсто бидејќи освоиле 39.140 гласови или 4,94 отсто.