Регион 09. мај 2020. / 00:45

Италијанските протоколи за лекување на Ковид-19 доставени до земјите на Западен Балкан

Италијанските протоколи за лекување на Ковид-19 доставени до земјите на Западен Балкан

Генералната секретарка на Регионалниот совет за соработка (РСС), Мајлинда Брегу, соопшти дека италијанските протоколи за лекување на пациентите заболени од Ковид-19, преведени на сите јазици на земјите од регионот, сега се достапни до владите и до здравствените работници и институции на Балканот.

Имајќи ја предвид моменталната состојба во борбата против емидемијата на вирусот што ја предизвикува болеста Ковид-19 на Западен Балкан, како и огромното искуство што го стекна Италија во лекувањето на пациентите заразени со овој вирус, италијанските власти ги ставија на располагање своите оперативни инструкци за лекување, при што РСС ја имаше скромната улога да ги преведе на сите јазици и да ги дистрибуира материјалите – појасни Брегу.

Во соопштението на РСС се наведува дека оперативните насоки во најголем дел се резултат на инфектолозите, пулмолозите, интернистите, интензивистите, специјалистите на ургентна медицина, хигиеничарите и другите медицински експерти, кои најтешкиот дел од пандемијата со вирусот ја поминаа во болницата Папа Џовани XXIII во Бергамо.