Регион 06. април 2020. / 09:36

Истакнат сараевски епидемиолог почина од Ковид-19

Истакнат сараевски епидемиолог почина од Ковид-19

Истакнатиот епидемиолог и член на Светската здравствена организација (СЗО), Шефик Пашагиќ почина вчера во Сараево, како последица од Ковид-19.

Пред да се разболи, се занимавал токму со коронавирусот и бил во постојан контакт со колегите од САД, со кои разменил знаење за Ковид-19, пренесува порталот Кликс.

Во текот на вчерашниот дека беше соопштенока во Сараево дека во Босна и Херцеговина се регистрирани уште три смртни случаи, по што беше потврдено дека меѓу нив е и Пашагиќ (61).

Со вчерашните смртни случаи, бројот на починати од Ковид-19 во БиХ достигна 23 лица, од вкупно 654 заразени со коронавирусот.