Регион 04. мај 2018. / 11:04

Исповед на силувано момче: Татко ми ми го направи животот хорор

Исповед на силувано момче: Татко ми ми го направи животот хорор

Момче од Србија доживеа хорор, откако неговиот татко го силувал, пишува српски Блиц.

-Татко ми ќе ме однесеше во купатилото и ја заклучуваше вратата позади себе. Ќе ме натераше да се соблечам, а потоа на главата ќе ми ставеше толку многу шампон за пената да ми ги покрие очите, устата и ушите. Потоа ќе ме завртеше и ме силуваше, изјави момчето за српските медиуми, кое одлучило да го преќине малтретирањето.

Момчето кое денес има 13 години, кажува дека малтретирањето започнало кога наполнило 11 години. Во исповед во присуство на мајка му и на дедо му, кажува дека татко му му се заканувал дека ќе го истепа ако каже некому.

Монструмот го силувал неколку пати до 2017 година, кога момчето одлучило да си го одземе животот.

Кога татко му го натерал орално да го задоволи, детето одлучило наредниот ден, во школо, да си го одземе животот.

Кога се обидело да се самоубие, некој наставник го видел и го спречил, па тогаш момчето за прв пат проговорило што му се случува.

За ситуацијата е известена и полицијата, а таткото завршил во притвор.