Лидерот на Демократскиот сојуз на Косово, Иса Мустафа, соопшти дека за него и неговата партија преговорите со Самоопределување не се пропаднати, како што наведе Албин Курти.
Мустафа во објава на Фејсбук наведе дека преговорите со Самоопределување не биле лесни и дека партнерот на масата, во некои случаи, ги игнорирал правилата кои биле договорени.
– За ДСК и за мене преговорите не пропаднаа. Стратегијата на Самоопределување во јавноста да обезбеди епитет на страна која во преговорите е принципиелна и великодушна не успеаја – наведе Мустафа и додаде дека пропаднале и нивните обиди вината да ја префрлат врз ДСК.
Мустафа наведе дека ниту едно тврдење од ДСК не може да се третира како барање на Самоопределување, бидејќи Самоопределување не го освои сите гласови туку околу една четвртина од нив, а речиси исто толку освои и ДСК. Мустафа додаде дека затоа барањата на ДСК се состоеја и ќе се состојат од избалансирана поделба на одговорноста, во согласност со исходот од изборите на 6 октомври.
– Самоопределување вечерва навести дека е подготвено да се заложи за поддршка на кандидатот на ДСК за претседател на земјата, но и дека ќе бара поголоемо учество во владата. Ова не е принцип, туку обид да се добие повеќе – оцени Мустафа.