Регион 23. мај 2018. / 12:34

Имал срцеви проблеми: Грчкиот претседател успешно опериран

Имал срцеви проблеми: Грчкиот претседател успешно опериран

-Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос имаше успешна операција на срцето, јави ТАСС.

На денешната интервенција, лекарите му вградија стент на 67-годишниот шеф на државата.

Операцијата беше направена во кардиолошкиот центар во Атина.

Прокопис Павлопулос се очекува да се врати на своите работни обврски уште во текот на утрешниот ден.