Регион 20. септември 2019. / 17:51

Илјада евра ќе добие тој што ќе натера барем една од политичките партии да ги бојкотира изборите

Илјада евра ќе добие тој што ќе натера барем една од политичките партии да ги бојкотира изборите

Награда од илјада евра ќе добие тој што ќе натера барем една од политичките партии да ги бојкотира изборите, стои во оглас објавен во подгоричкиот весник Дан.

Во текстот е наведено дека огласот го објавува Василије Миличковиќ и оставен е број од неговиот мобилен телефон.

Во изјава за Побједа, тој ја потврди автентичноста на огласот.

– Точно е дека понудив 1.000 евра и тоа е мој оглас. Тоа е мојата порака до несреќниот народ кому му е ускратено уставното право да гласа за отворени листи и за своите непосредни претставници, рече Миличковиќ.

Последните години тој е политички активен, преку поддршка на опозициските протести во 2015 година, а потоа и како кандидат за претседател на државата.