Регион 28. јули 2018. / 10:46

Идентификувани телата на близначките во Грција, ги нашле прегрнати со баба им и дедо им

Идентификувани телата на близначките во Грција, ги нашле прегрнати со баба им и дедо им

Трагично заврши потрагата по деветгодишните близначки Софија и Василики кои во понеделникот исчезнаа во катастрофалниот пожар во oколината на Атина, во кој загинаа над 80 лица, а 150 се повредени. Нивните јагленосани тела се пронајдени во прегратките на баба им и дедо им.

Приватниот истражувач, ангажиран од семејството, Јоргос Цукалис потврди дека во Институтот за судска медицина биле идентификувани телата на деветгодишните Василики и Софиа Филипопулу. На близначките и нивните баба и дедо им се изгуби секаква трага по пожарот. Тие избегале кога огнот се приближил до нив, а нивниот татко веруваше дека ги видел на една снимка. Иако видеото е нејасно, бидејќи е направено навечер во Луци Рафина на еден брод, тоа за нивниот татко претставуваше последната сламка на надеж.

Во Институтот за судска медицина, по барање на вештаците, мајката на девојчињата и роднини однесоа облека и играчки од близначките за да се земе дополнителен генетски материјал.