Главниот специјален обвинител на Црна Гора, Миливоје Катниќ одби на судскиот процес познат како „државен удар” да земе примерок за кој се вели дека е добиен од руските власти. Катниќ не сакаше да го земе примерокот од документот и рече дека е неопходно да се направи хемиска анализа, бидејќи се плаши дека руската воена разузнавачка служба GRU ќе ги отруе.
На судењето за обид за тероризам, документите ги предаде адвокатот на одбраната Мироје Јовановиќ, за кого доказите значително влијаеле врз постапката за докажување.
Според адвокатот Јовановиќ, во важниот документ од Москва јасно се утврдува дека соработникот сведок на 27 септември 2016 не ја напуштал зградата на аеродромот Шереметјево.
Специјалниот обвинител Катниќ побара хемиска анализа на документот.
За кривичното дело обид за тероризам на денот на парламентарните избори на 16 октомври 2016 година обвинети се рускиte државјани Едуард Шишмаков и Владимир Попов, на кои, како и граѓаните на Србија Немања Ристиќ и Предраг Богичевиќ, им се суди во отсуство.