Регион 20. февруари 2020. / 14:18

И двајца Словенци меѓу заразените со коронавирус на крузерот во Јапонија

И двајца Словенци меѓу заразените со коронавирус на крузерот во Јапонија

Министерството за надворешни работи на Словенија потврди дека меѓу заразените патници со коронавирусот на крузерот Принцес Дајмонд има и словенечки државјани.

Од шестте Словенци кои беа на бродот, двајца се заразени, двајца се здрави, а за две лица се уште се чекаат резултатите. Заразените се веќе во болница каде им се укажува соодветна медицинска помош.

Во меѓувреме се прават последните подготовки за враќањето на словенечките граѓани назад во земјата. Властите соопштија дека во текот на денот детално ќе информираат кога и како ќе се спроведе враќањето на лицата кои со недели беа во карантин на крузерот.