Регион 07. јануари 2020. / 11:28

Хрватските војници од Ирак повлечени на сигурно во Кувајт

Хрватските војници од Ирак повлечени на сигурно во Кувајт

Четиринаесет хрватски војници почнаа да се повлекуваат од Багдад по настаните предизвикани од американскиот атентат врз иранскиот генерал Касим Сулејмани.

– Хрватите се привремено повлечени по одлуката на НАТО донесена во текот на викендот за суспендирање на мисијата на НАТО во Ирак, во која беше вклучена и Хрватска со ротирачки контингент од седум војници – четворица офицери и тројца подофицери – објави дневниот весник „Вечерњи лист“.

Новиот контингент со новите седуммина беше испратен во Ирак во саботата, на 27 декември, додека стариот контингент со претходните седум, според плановите, требаше да го напушти Ирак по новогодишните празници.

Затоа Хрватска во момент на одлука за суспензија на мисијата на НАТО има 14 наместо седум луѓе во Ирак.