Регион 16. август 2018. / 13:08

Хрватските радикални католици бараат право на забрана на изнајмување апартмани на хомосексуалците

Хрватските радикални католици бараат право на забрана на изнајмување апартмани на хомосексуалците

Хрватските радикални католици започнаа бизарна кампања во која бараат апартманот „Идентити“ да се врати на страницата Booking.com.

Инаку станува збор за задарскиот апартман кој  го резервирала една геј двојка, но сопственикот им кажал дека не прима хомосексуалци и им порачал да ја откажат резервацијата. Тоа предизвика лавина реакции, а Booking.com наскоро го отстрани апартманот од понудата. Сопственикот на „Идентити“ исто така се најде под полициска истрага.

Радикалните католици бараат враќање на апартманот што ги одби хомосексуалците на Booking.com.

Радикалните католици сега започнаа петиција на платформата CitizenGo, која се претставува како „заедница на активни граѓани кои со помош на онлајн петиција работат на заштита и промоција на човековите права”.

За неколку дена петицијата ја потпишаа 5 590 луѓе, но, јасно, не е познато дали сите потписи се навистина автентични.

Кампањата на веб-страница CitizenGo е наречена „Еднакви услови за сите што се рекламираат”, а наведено е дека петицијата се однесува на Booking.com.