Регион 30. декември 2020. / 17:00

Хрватските работодавци бараат од Владата да ги ослободи од данок донациите и секој вид на помош

Хрватските работодавци бараат од Владата да ги ослободи од данок донациите и секој вид на помош

Хрватското здружение на работодавци апелираше денеска на Владата времено да го суспендира плаќањето данок на сите видови помош и донации за граѓаните на Хрватска, кои се погодени од земјотресот на подрачјето на Петриња, Сисак и Бановина.

Тие објаснуваат дека првично мислат на пресметување и плаќање на ДДВ, како и данок на доход и придонеси за помош, која работодавците сакаат да им ја исплатат на работниците, погодени од последиците на потресот.

Апелираме на Владата да донесе одлука итно да ги ослободи донаторите, како правните така и физичките лица, од плаќање ДДВ на донациите на стоки и услуги во борбата против последиците од земјотресот, наведува здружението.

Според нив, голем број претпријатија веќе покажаа дека се заинтересирани за директна помош на погодените граѓани.