Регион 15. ноември 2018. / 11:18

Хрватскиот тајкун може да излезе од притвор само ако плати милион евра

Хрватскиот тајкун може да излезе од притвор само ако плати милион евра

Хрватскиот суд донесе одлука за случајот со поранешниот сопственик на Агрокор, Ивица Тодориќ, и одреди кауција во висина од околу милион евра за излегување од притвор.

Судот во Загреб делумно ја прифати жалбата на Тодориќ и донесе одлука дека може да се брани од слобода ако плати околу милион евра кауција. Освен уплатата во готовина, судскиот совед одреди и мерка за забрана на напуштање на Загреб, како и предавање на пасошот.

Истражниот суд, мерката притвор, ја одреди минатата недела поради опасност од бегство.