Регион 18. мај 2020. / 15:35

Хрватскиот Сабор се распушти, избори најрано на 21 јуни

Хрватскиот Сабор се распушти, избори најрано на 21 јуни

Деветтиот состав на Хравтскиот сабор ја заврши својата работа. Од потребните 76 гласови за негово распуштање, за гласаа 105 пратеници, воздржани беа 4, а против осум.

Распуштањето беше предложено од шест партии од владеачкото мнозинство, по што следен на потег е претседателот на Републиката, Зоран Милановиќ кој ќе го одреди датумот на парламентарните избори.

По распуштање на собранието, парламентарните измори мораат да се одржат во рок од 30 до 60 дена, што значи дека последниот рок за избори би бил 12 јули, а најраниот 21 јуни. Точниот датум ќе го одреди претседателот на Хрватска.

Хрватските медиуми пренесуваа како можни датуми за одржување на изборите да бидат 21 и 28 јуни, односно 5 и 12 јули.

Претставниците на загрепската опозиција ја поминаа ноќта пред зградата на хрватскиот парламент, незадоволни од распуштање на парламентот пред донесувањето на законот за реконструкција на градот Загреб, по неодамнешниот земјотрес.