Регион 30. ноември 2020. / 11:29

Хрватскиот премиер во самоизолација, ќе работи од дома

Хрватскиот премиер во самоизолација, ќе работи од дома

Откако добила лесна треска, сопругата на хрватскиот премиер Ана Маслаш-Пленковиќ, се тестирала за присуство на коронавирус во саботата, а нејзиниот тест е позитивен, објави хрватската Влада.

Како резултат на тоа, премиерот Андреј Пленковиќ е исто така тестиран за ковид-19, но неговиот тест е негативен.

На хрватскиот премиер му е изречена епидемиолошка мерка за самоизолација од 10 дена. Тој ќе продолжи да ги извршува своите активности и обврски од дома, се наведува во соопштението.