Регион 23. декември 2020. / 15:29

Хрватскиот премиер Пленковиќ: Треба да се вакцинираат што повеќе граѓани

Хрватскиот премиер Пленковиќ: Треба да се вакцинираат што повеќе граѓани

Успехот на Планот за имунизација против коронавирусот зависи од тоа колку луѓе ќе сакаат да ја примат вакцината, рече денеска хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ и истакна дека целта е вакцината да ја примат што повеќе граѓани, а по можност сите.

На прес-конференција по владината седница на која беше усвоен Планот за имунизација, Пленковиќ рече дека пристигнувањето на вакцината е охрабрувачка порака, која дава надеж за нормализирање на животот, социјалните и економските активности.

– Ова е криза без преседан што го смени светот, рече хрватскиот премиер.