Хрватската полиција го приведе и го однесе во затворот во Реметинец, поранешниот хрватски премиер Иво Санадер, откако претходно Врховниот суд му ја зголеми казната затвор од 4,5 на 6 години за случајот „Планинска“, пренесуваат хрватските медиуми. Тој изјави дека се работи за претстава и политички монтиран процес.
Нема докази. Ова е смешно, пресудата требаше да падне. Ова е уште една претстава. Тоа е бесмислено. Тоа се лаги, една до друга. Јас сум подготвен на се и ќе ја докажам својата невиност“ изјави Санадер, додавајќи дека ексминистерот за регионален развој Петар Чобанковиќ за време на судењето, одговарал од белешки по договор со обвинителството.
Адвокатката на Санадер, Јадранка локовиќ, рекла дека за одлуката на Врховниот суд дознале од медиумите и дека официјално се уште не добиле ниту еден документ.
Загребскиот Жупаниски суд претходно издаде налог за притвор за Санадер.