Фирмите во Храватска конкурираат на државен оглас за субвенции на 506 еколошки возила на алтернативен погон.
На конкурсот, објавен на 20 јуни, до сега пристигнале барања од над 200 компании од Хрватска. Од нив 127 комапнии ќе добијат субвенции во износ од над милион и 750 илјади евра за набавка на 506 возила.
Кофинасирањето е одобрено за 286 електрични велосипеди, 122 автомобили, 29 возила од Н1 категорија со погон на компресиран природен гас или течен природен гас и 69 возила од Л категорија.
Од хрватскиот Фонд за заштита на животната средина сметаат дека со овој начин на субвенционирање ќе се поттикне и купувањето на електрични возила за лична употреба. Во 2017 биле регистрирани 277 автомобили на електричен погон, а се смета дека годинава бројката ќе биде двојно поголема.
На повикот на државата за субвенционирана набавка на приватни автомобили во 2015 имало огромен интерес, така што во Фондот само за еден ден стигнале над 1 000 меилови со барање за државна помош при набавка на автомобил на алтернативен тип енергија.
Тогаш буџетот изнесувал 1,8 милиони евра , а биле одобрени средства за 224 електрични велосипеди , 133 автомобили, едно хибридно возило , како и 56 мотори на електрична енергија.