Регион 26. март 2019. / 10:03

Хрватската претседателка: Jас сум единствен претседател на држава кој во еден мандат сменил три влади

Хрватската претседателка: Jас сум единствен претседател на држава кој во еден мандат сменил три влади

Хрватската претседателка, Колинда Грабар Китаровиќ изјави синоќа дека таа е единствениот претседател на држава, која во еден мандат променила три влади, а исходите од парламентарните избори биле прилично недоречени и неодлучни.

Имаше доста договарања коалиции, разговори и јас во овие процеси морав да бидам целосно непристрасна, изјави Китаровиќ, за време на посета во хрватска гимназија.