Регион 28. јули 2019. / 21:57

Хрватската полиција уапси жена поради сомнение дека го подметнала големиот пожар кај Шибеник

Хрватската полиција уапси жена поради сомнение дека го подметнала големиот пожар кај Шибеник

Хрватската полиција денеска поплладне уапсила жена осомничена дека го подметнала вчерашниот пожар кај Шибеник, објави ИндексХР.

Неофицијално, станува збор за жена од тој крај, која и порано била пријавувана за подметнување пожар.

Истагата е во тек, а повеќе информации ќе се знаат по нејзиното комплетирање.

Вчерашниот страшен пожар избувнал околу 13.30 часот, а во гаснењето учествувале околу 200 пожарникари. Ова беше најголем пожар кој ја зафати Хрватска оваа година и во кој беше ангажирана и војската.

Пеплосани се околу 900 хектари трева и борова шума.