Регион 08. јули 2018. / 15:55

Хрватската полиција пресретна 31 илегален мигрант

Хрватската полиција пресретна 31 илегален мигрант

Хрватската полиција во едно комбе во близина на градот Кореница откри и приведе 30 мигранти од Пакистан и еден од Индија, за кои е утврдено дека илегално влегле на територијата на Хрватска.

При акцијата е приведен и возачот на комбито, кој е идентификуван како 36-годишен жител на Загреб. Против него е покренато обвинение  за криумчарење на илегални мигранти.

Мигрантите биле сокриени во товарниот дел на комбето.