Хрватскиот новинар Горан Антонијевиќ остро реагирал поради друштвото во кое се нашла претседателката на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ на фудбалскиот натпревар во Сочи.
Како што пренесува хрватскиот портал index.hr, хрватската претседателка дуелот меѓу Хрватска и Русија од ВИП ложата на стадионот во Сочи го следела во друштво на Дамир Врбановиќ, неправосилно осуден на три години затвор поради измама додека бил директор на фудбалскиот клуб Динамо Загреб.
Index.hr пишува дека хрватскиот фудбалски сојуз дури и после пресудата на судот во Осиек не се одрекнал од Врбановиќ, кој го претставувал хрватскиот фудбалски сојуз (HNS) на конгресот на ФИФА.
Врбановиќ ја има функцијата извршен директор на HNS.