Регион 09. декември 2020. / 12:40

Хрватска во тешка состојба со Ковид 19: 4.520 новозаразени и 69 починати

Хрватска во тешка состојба со Ковид 19: 4.520 новозаразени и 69 починати

Во последните 24 часа во Хрватска се евидентирани 4.520 нови случаи на позитивни со корона вирусот, а починале 69 лица. Во болница се 2.703 пациенти, од кои 280 се приклучени на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на Ковид-19 во Хрватска, регистрирани се вкупно 159.372 лица заразени со корона вирусот, од кои 2.367 починале. Оздравеле вкупно 133.255 лица, од кои 2.386 во последните 24 часа.

Во моментов има 57.835 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 837.619 лица, од кои 12.596 во последните 24 часа.