Хрватска е во преговори со Шведска и САД за купување борбени авиони со цел модернизација на воздушните сили, изјави министерот за одбрана Дамир Крстиќевиќ.
Загреб беше блиску до склучување договор за купопродажба на ескадрила на користени и обновени борберни авиони Ф-16 од Израел, но сепак Израел ја информираше Хрватска дека не може да ги продаде авионите бидејќи не успеал да добие одобрение од САД.
Израел беше во конкуренција со неколку земји, а најсериозен конкурент беше шведскиот СААБ кој понуди нови авиони на Грипен.
– Владата е сè уште посветена да го реши (ова) стратешко прашање. Ние сме во преговори со Шведска и со САД и навремено ќе ја информираме јавноста откако ќе имаме некои конкретни информации. – рече Крстиќевиќ во изјава за новинарите.