Хрватска им ги отпиша долговите на повеќе од 150.000 блокирани граѓани, кои на државата и разни правни лица им должеле 10.000 куни (1.360 евра) плус камати.
Премиерот Андреј Пленковиќ изјави дека долговите се отпишани врз основа на новиот Закон за отпишување на долгови за физички лица кои имале долг до 10.000 куни плус камати, со што целосно се деблокирани 6.248 граѓани. Износот на отпишаниот долг е 1,338 милијарди куни (околу 185 милиони евра).
Најмногу граѓани на кои државата им го отпишала долгот има во Загреб и тоа 28.743, во Сплит се 4.302, во Осијек 3.701, а во Ријека 3.842. Станува збор за отпишување на долгови кон државата или правни лица, како што се Хрватската радиотелевизија или Хрватскиот завод за здравствено осигурување, како и некои големи приватни компании.