Регион

Хрватска: Танкер се заби во пристаниште, милиони евра штета

Хрватска: Танкер се заби во пристаниште, милиони евра штета

Танкер се заби во пристаниште во Хрватска.

Тој пренесувал 27.000 кубици нафта и се зарил во пристаништето Плоче, меѓу хрватските градови Сплит и Дубровник.

При ударот дел од пристаништето паднал во морето заедно со апаратурата за истоварање нафта и плин.

Отежнато е снабдувањето со нафта и деривати во Далмација.

Уништени се уредите за истоварање на нафтата, кои останале на пристаништето, а оштетувања има и кај бродот. Танкерот не е пробиен од ударот, па нафтата не протекла во морето.

Штетата се мери во милиони евра.