Регион 19. август 2018. / 16:47

Хрватска: Спасена е британката која од брод падна во море

Хрватска: Спасена е британката која од брод падна во море

Британската државјанка која синоќа падна во морето од брод, утрово е пронајдена и спасена по девет часа, соопшти хрватското министерство за одбрана.

Жената ја пронашле припадниците на крајбрежната стража на 1,3 километри од местото каде паднала во морето, пренесуваат хрватските медиуми.

Во потрагата учествувале авион, чамец и три брода. Таа била префрлена со брод во Пула, а нејзината здравствена состојба е добра.