Регион 24. март 2020. / 12:11

Хрватска со новa меркa: Забрана за излегување од градовите

Хрватска со новa меркa: Забрана за излегување од градовите

Во Хрватска од денеска се применува мерката за забрана за напуштање на престојот и излегување од градовите, која со цел да го спречи ширењето на заразата со корона вирусот го донесе Штабот за цивилна заштита.

Во полицското соопштение се истакнува дека одлуката е донесена за целокупното население, а не за поединечни случаи.

– За сите заедно да го спречиме ширењето на заразата, миграциите мора да се сведат на минимум, во смисол да се заврши само она што е витално за живот, пишува во соопштението.

За оваа одлука ќе има одредени исклучоци и тие пред се ќе се однесуваат на здравствените работници, полицијата и оние кои имаат работни обврски, со обавезителна пропусница.