Регион 03. јули 2020. / 15:42

Хрватска со најголем број на заболени со Ковид-19 од 1 април

Хрватска со најголем број на заболени со Ковид-19 од 1 април

Во Хрватска во последните 24 часа се потврдени 96 нови случаи на зараза со корона вирус, а двајца пациенти починале.

Како што соопшти Националниот штаб за цивилна заштита, тоа е досега најголем број на заболени во еден ден, односно како и на 1 април, кога, исто така, биле регистрирани 96 случаи.

Од почетокот на епидемијата, корона вирусот е потврден кај вкупно 3.008 лица, а досега се оздравени 2.168. Вкупниот број на смртни случаи во земјата изнесува 112 луѓе.