Регион 26. август 2020. / 14:55

Хрватска руши рекорди: 358 новозаболени во последните 24 часа

Хрватска руши рекорди: 358 новозаболени во последните 24 часа

Според последните информации, во Хрватска во последните 24 часа потврдени се 358 новозаразени, а нема смртни случаи.

Во моментот во земјата има 2.352 активни случаи на Ковид-19, а 8.899 инфицирани се регистрирани од почетокот на епидемијата.

Постојат неколку жаришта во Сплитско-далматинската жупанија, два дома за стари лица, заразени од натпревари… Добивме предлог за нови мерки односно воведени се потребните епидемиолошки мерки“, истакна министерот за здравство Вили Берош.

Додадено е дека новите мерки во Сплитско-далматинската жупанија се усогласени, така што подготвена e одлуката која ќе стапи на сила од вечерва на полноќ.